„Хјундаи“ удри во паркирано товарно возило, возачот тешко повреден

Синоќа во 22.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Александар Македонски“ во Скопје, патничко возило „Хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.К.(43) од село Трубарево, скопско, удрило во паркирано товарно возило „ивеко“ со гевгелиски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот И.К., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Претходна вестГодинава нема да проработат сите операциони сали на Клинички центар
Следна вестОд полноќ поевтинуваат сите горива