Темен режим Режим на светлина

Годинава нема да проработат сите операциони сали на Клинички центар

И со преполовени операциони сали, лекарите добро се снаоѓаат во Клиничкиот центар ата „Мајка Тереза“, изјави денеска министерот за здравство, Арбен Таравари, по посетата на Универзитетската клиника за очни болести.

Во контекст на проблемите на клиниката, министерот посочи дека сѐ уште не знае дали пријавената фирма ги исполнува условите, со што наведе дека нема да има нова компресорска станица до крајот на годинава.

– Се надевам дека ќе има нова станица на почетокот на идната година, изјави Таравари.

Министерот најави дека ќе се бара начин да се поправи и старата компресорска станица која може да служи како резерва на Клиниката.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Партијата на Радев освои околу 45% од гласовите во Бугарија, ќе може и сам да формира влада

Радев: Кога Сиљановска Давкова ќе дојде во државна посета ќе ги има сите официјални церемонии според протокол

Следна објава

„Хјундаи“ удри во паркирано товарно возило, возачот тешко повреден