Холандски турист со скршеница на нога извлечен кај охридско Елшани, пренесен во болницата „Св. Еразмо“

Регионалниот ЦУК Охрид, извести дека вчера Планинарска спасителна служба од 13.40 до 15.00 часот, имала спасителна акција на територија на Општина Охрид.

Конкретно, извршено е извлекување на повредено лице од околината на село Елшани (холандски турист) кое имало скршеница на нога и е предадено на екипа од Итната медицинска помош од Охрид.

Лицето е пренесено во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид на понатамошен третман.

Претходна вестЖена почина на грчка плажа на која летуваат многу македонски државјани
Следна вестПосебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради „Парада на гордоста“