Храна која го уништува мозокот

Oдредени намирници можат да бидат штетни за функциите на вашиот мозок. Бројни истражувања покажаа дека храната што содржи големи количини заситени масти и шеќери може лошо да влијае на секојдневниот живот, пишува „MSN“. Еве Со кои намирници треба да бидете внимателни.

Шеќер

Новите истражувања покажуваат дека шеќерот може да влијае на вашиот мозок, како и на вашиот струк. Во една студија со животни, истражувачи од УКЛА открија дека глувците хранети со фруктоза потешко се снаоѓаат во лавиринт, што е знак на забавено учење и губење меморија, во споредба со друга група глувци кои добиле фруктоза и омега-3 масни киселини.

Исхраната само со фруктоза ја намалила активноста на мозокот, а одредени омега-3 масни киселини можат да го заштитат мозокот од штетните ефекти на фруктозата.

Пекарски производи

Не треба да сте загрижени само за шеќерот. Во студија од 2015 година, возрасните кои изјавиле дека јадат голема количина заситени масти во текот на денот потешко се присетуваат на зборови кои ги виделе во тест за меморија. Иако производите кои содржат заситени маснотии најчесто се во пекари, постои можност и дома да имате многу такви производи. Проверете ја ознаката за нутритивна вредност, особено на преработена храна, за да бидете сигурни дека не јадете заситени масти.

Преработено месо

Исхраната со висок процент на „лоши“ заситени маснотии може да наштети на функциите на мозокот, покажа истражување на Харвард, објавено во „Annals of Neurology“.

Кога истражувачите ги проучувале навиките во исхраната и ја тестирале работата на мозокот на 6000 жени во просек од 4 години, откриле дека жените кои најмногу јаделе заситени маснотии имале пониски резултати на тестовите на работата на мозокот и паметењето. Од друга страна, жените кои јаделе најмногу мононезаситени масти (ги има во маслиново масло и авокадо) имале подобри резултати.

Бирајте верзии на животински производи со низок процент на масти како сирење, јогурт млеко, избегнувајте преработено месо како сланина, внесувајте протеини од растителни извори како соја и мешунки, советуваат нутриционистите.

Претходна вест„Беше како да пропаѓа светот, а тврдеа дека сме безбедни“, исповед на туристи за пожарите во Грција
Следна вестИзгаснат пожар на Водно, имало опасност по шумата