Изгаснат пожар на Водно, имало опасност по шумата

Изгаснат е пожарот кој денеска избувна на месноста „Марково крушче“ на Водно, соопшти денеска Центарот за управување со кризи.

Во ЦУК на единствениот број за итни ситуации 112, на пладне е примена пријава на пожар на планината која што е омилено излетиште на скопјани.

-Веднаш се известени пожарникарите од БППЗ и надлежни јавни претпријатија на Град Скопје. Тие брзо излегле на терен и го изгаснале пожарот што имал зафатено сува трева и нискостеблести растенија, а имало опасност да ја зафати и шумата, соопшти ЦУК.

Претходна вестХрана која го уништува мозокот
Следна вестГир: Ако истрагите покажат злоупотреба на европски фондови, случаите одат во Јавно обвинителство