Гир: Ако истрагите покажат злоупотреба на европски фондови, случаите одат во Јавно обвинителство

Ако истрагите на Европската служба против измами – ОЛАФ резултираат со сомнеж за криминални активности со злоупотреба на европските фондови, тие случаи ќе бидат проследени во Јавното обвинителство, изјави денеска во Битола, Дејвид Гир, шеф на делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој потврди дека Европската служба против измами (ОЛАФ) отворила истраги и подготвила препораки за европските институции и македонските власти во однос на злоупотреба на европски фондови. Како што пренесе „Еуроњус Албанија“, во последните пет години ОЛАФ отворила 36 истраги за земјите од Западен Балкан за злоупотреба или неправилности поврзани со европските фондови, од кои 18 истраги се однесуваат на Северна Македонија.

– Ако имало криминал во тој случај очекуваме јавниот обвинител да преземе навремени активности што ние ќе ги следиме одблиску. ОЛАФ е многу сериозно тело, кое спроведува истраги за тоа како се трошат парите на ЕУ. Ја потврдувам бројката, но не ги знам деталите во врска со самите истраги. Можам да потврдам дека има различни субјекти кои се дел од тие истраги, изјави Гир денеска во Битола.

Претходна вестИзгаснат пожар на Водно, имало опасност по шумата
Следна вестВработените во МИА на предупредувачки протест ќе бараат зголемување на платите