Шест нови пациенти се затруени и лежат во болница поради газиран сок, објавија хрватските медиуми. Случај со можно труење со киселина во пијалокот вчера ја разбранува хрватската јавност. Резултатите од анализата на 16 шишињата пристигнале потврди ХРТ, а тамошниот министер за здравство Вили Берош ги повикува граѓаните засега „да пијат само обична вода“.
– Има уште неколку, сите се полесно повредени, со многумина е прашање дали се работи за хемиска повреда или психогена реакција или некоја друга патолошка состојба. Во моментов ситуацијата е под контрола – изјави Берош за загрепската телевизија Н1.
Тој порача дека најдобро е да не се консумираат газирани пијалоци.
– Мора да бидеме внимателни, но нема потреба од паника – додал тој.
Можните симптоми кои би настанале според хрватското Министерство за здравство се ненадејна болка и печење во усната шуплина, крварење од мукозната мембрана на усната шуплина и променет вкус на пијалокот.
Берош информирал дека пациентите имаат поблаги симптоми и дека повеќето ќе бидат пуштени на домашно лекување. Четворица од шестмината се примени во Загреб, едниот е во Вараждин, а уште еден има во Виноградска.