Детската градинка IPS – International Preschool of Skopje, денеска и утре во Националната галерија – „Мала станица“ ги продава сликите што најмладите ги направиле како репродукции на Ван Гог, Пикасо и Кандински, а собраните средства ќе бидат донирани за итна операција на Кристијан Андреев.
Се работи за 16-годишно момче, со тежок аутизам и тумор на мозокот. Мора да му биде направена операција до крајот на ноември во Турција, а за тоа недостигаат 2000 од вкупно потребните 39000 евра. Изложбата „Од деца за деца“ е идеја на Билијана Ангелова, сопруга на амбасадорот на Република Бугарија во земјава.
Цената на сликите е од 1000 до 2000 денари. Со оглед на актуелната панедмија настанот е отворен само за родителите и медиумите и ќе се одржува и двата дена од 11 до 14 часот во изложбената сала, бесплатно отстапена за оваа хуманитарно-продажна изложба.