И денеска многу топло

Во Скопје и во околината времето ќе биде сончево и многу топло со мала облачност и слаб југозападен ветер. И во останатиот дел од Македонија времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, попладне во југоисточните делови со услови за краткотрајна нестабилност.

Ќе дува слаб претежно јужен ветер.

Температурата ќе достигне до 38 степени Целзиусови.

Според синоптичарите и в понеделник ќе биде топло со температура до 37 степени, а мало заладување започнува од вторник.

Претходна вестПожарот во Илинден ставен под контрола, гори релативно мал крак кај Ајватовци
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Оваа Влада е готова