На скопското подрачје и денеска претпладне ќе преовладува променливо облачно со сончеви периоди, а попладне ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 24 степени.
Облачно и нестабилно со услови за пороен дожд се предвидува и за другите делови од Maкедонија. Локално ќе има пообилни врнежи над 20 литри на квадратен метар, наместа во форма на невреме со електрични празнења и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени. УВ индексот ќе изнесува 7.
Утре условите за нестабилност ќе се намалат, а ќе преовладува посончево и топло време со засилен северен ветер. Од четврток попладне повторно ќе има изолирана појава на дожд и грмежи.