И Ковачевски ли како Царовска ќе го игнорира академик Коцарев?

Премиерот Ковачевски денеска ќе се сретнел со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Добро е тоа. Лидерот на СДСМ конечно ќе може да чуе и друго мислење за францускиот предлог, а не како на до сега од фингираните консултациски средби.

Средбата треба да прерасне со континуиран дијалог на власта и опозицијата, а не во момент кој е повеќе направен за фотографирање и пропагандно покажување на Владата дека ете прави некаков си широк консултативен процес. Ситуацијата е сериозна и бара одговорно однесување на оние кои народот дебело ги плаќа да работат за доброто на Македонија.

Не е баш многу одговорно однесување од премиер наменски да седнува на консултативна маса со некој кој напишал 5-6 полуписмени пофалби за власта и со него да се крои иднина на земјата.

Одговорно однесување е да го поканиш на разговор на пример претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев. Тој е еден од најцитираните научници во светот. Тој многу, многу подобро ќе објасни што е што и како треба да се постапи за доброто на сите нас.

Поранешната министерката Царовска го игнорираше сериозното укажување на Коцарев во каква состојба е македонското образование. И подобро е сега школството тргнато по паметот на министерката?

Сега и Ковачевски ли ќе го игнорира академикот и многуте други лица во Македонија кои имаат знаење, искуство и пред се исправен рбет?

 

 

Претходна вестКазни за 90 возачи во Скопје, 18 за брзо возење
Следна вестЌе го фатат ли Османи и Ковачевски последниот воз?