Уште еден симбол на југословенската младост ја загуби битката со ковид 19. На 75-годишна возраст почина Зоран Симјановиќ, познатиот српски композитор.
Тој беше автор на музиката на легендарните филмови „Специјално образование“, „Мирисот на полските цвеќиња“, „Национална класа“, „Течат деновите на Земјата“, „Се сеќаваш ли, Доли Бел“, „Татко на службен пат“, „Сок од сливи“ , „Маратонците го трчаат по почесниот круг“, „Балкан експрес“, „Вариола вера“, „Тајванска канаста“, „Јагоди во грлото“, „Собирен центар“, „Танго аргентино“ , „Вирџина“, „Беса“, „Буре барут“, „Тито и јас“.
Со музиката за „Сјај во очите“ добива награда во Монте Карло, победувајќи го Енио Мориконе. Во 1983 година, заедно со Ив Монтан, станува почесен граѓанин на Валенсија.