И Управен суд пресуди дека Јолевски ја дискриминирал обвинителката Ристоска

Управниот суд пресуди дека поранешниот претседател и сегашен член на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски ја дискриминирал обвинителката Ленче Ристоска.

Ристоска денеска изјви дека денеска Судот ја одбил неговата тужба како неоснована и го прифатил мислењето на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, па сега Јолевски ќе може да се жали пред Вишиот управен суд.

Паралелно со оваа постапка против Јолевски е поднесено барање до прекршочниот оддел во Кривичниот суд за да плати глоба затоа што не се извини иако Комисијата утврди дека ја дискриминал Ристоска затоа што била на породилно отсуство при изборот на обвинители во Вишото јавно обвинителство, кога таа по втор пат не беше унапредена.

Минатиот месец Јолевски и Ристоска се соочија пред Управниот суд откако тој не ја прифати одлуката на Комисијата и поднесе тужба до Управниот суд. Не сакаше јавно да се извини и тврдеше дека не ја дискриминирал обвинителката.

-Управниот суд ја одби тужбата на Јолевски и со што се потврди одлуката на Комисијата за спречување на дискриминацијата. Правдата не е целосно задоволена бидејќи не добив извинување но ова е сепак во насока на тоа дека општеството ги препознава формите на дискриминацијата, изјави Ристоска.

Претходна вестМицкоски: Стана пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи
Следна вестБруно Делбонел добитник на „Златна камера 300“ за животен опус на 45. издание на „Браќа Манаки“