И заменик-шефот на кабинетот на Зеленски поднесе оставка

Заменик-шефот на кабинетот на украинскиот претседател Кирило Тимошенко денеска соопшти дека поднел оставка.

Како што напиша на апликацијата Телеграм, тој побара од шефот на државата Володимир Зеленски да го ослободи од должноста, пренесе Ројтерс.

-Му благодарам на претседателот на Украина Володимир Зеленски за довербата и можноста да прави добри дела секој ден и секоја минута, напиша Тимошенко,пренесе Танјуг.

Инаку, пред неколку дена и советник на украинскиот претседател поднесе оставка по изјавата дека Киев ја соборил руската ракета која погоди станбен комплекс во Днипро.

Претходна вестБугарија оди на нови парламентарни избори
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Само во имагинарниот свет на СДС и Ковачевски има 1.300 км нови патишта