Идентификуван уште еден член на „Јавна соба“, но тој е на Малта

МВР ќе побара помош од полицијата на Малта да дојде до уште еден член на срамната група „Јавна соба“ на апликацијата Телеграм, во која до вчера над 8.000 лица со лажни имиња и скриени телефонски броеви споделуваа дискредитирачки фотографии и недолични и навредливи коментари за жени, девојки и малолетнички од Македонија.

Групата од вчера не постои, иако од МВР велат дека има и други слични групи на чие затворање се работи.

Во меѓувреме, од она што е познато за овој скандалозен случај на злоупотреба на лични податоци и малтертирање, четири лица се уапсени, две од Битола и по едно од Штип и Велес.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера изјави дека се идентификувани и други членови и ќе има и нови апсења.

„Јавна соба“ е афера која беше откриена уште лани, а овој случај во Обвинителството уште е во предистрага и се работи на вештачење на телефони и на барање докази за кривично дело.

Претходна вестТаксист од Скопје пренесувал и продавал марихуана во Куманово
Следна вестПендаровски: Пописот ќе не соочи со стравот колку всушност сме малку