Иџе слави, пак е европски шампион, пак ги „прелета ридиштата“…

Нов голем успех на одличниот македонски автомобилист Игор Стефановски-Иџе. Тој викендов дојде до европската шампионска титула на ридско-брзински патеки. Ова му е трета таква титула, по оние во 2014 и 2015 година.

Последните две трки се возеа во Хрватска каде популарниот Иџе пак ја круниса својата напорна работа и талент со нов европски трофеј. За тоа имал и голема поддршка од повеќе македонски навивачи кои по последната трка со знамиња и факли го прославувале трофејот заедно со шампионот.

Инаку, Стефановски-Иџе оваа сезона победи на седум од десетте трки во европскиот шампионат и убедливо заврши на првата позиција со 204 бода.

Претходна вестЧеститки од Воскопулос: „Лидл“ во Лерин почна да го употребува македонскиот јазик
Следна вестВо Њујорк: Пендаровски се заблагодари на Шолц, па и Ковачевски се заблагодари…