Илон Маск сака да прави „фарми за бебиња“

Најбогатиот човек на светот, Илон Маск има по малку луда идеја, односно решен е да прави фарма за бебиња. Тој верува дека фабричките породилишта или „фармите за бебиња“ се иднината на човештвото и дека тие би можеле да помогнат да се зголеми наталитетот на Земјата. Соодветно на тоа, тој направи футуристички филм кој го прикажува изгледот на таа „лабораторија“.

Филмот, кој е хит на социјалните мрежи, прикажува породилиште кое може да „одгледува“ до 30.000 бебиња годишно во вештачки утроби. Креаторот на филмот, режисерот и биотехнолог Хашем Ел Гаили тврди дека оваа идеја, иако е видео концепт, се заснова на 50 години револуционерно научно истражување спроведено од научници ширум светот. Филмот прикажува едно такво идно породилиште со илјадници фетуси кои се развиваат во специјални капсули контролирани со температура со папочна врвца преку која се хранат и дишат.
На ова му претходи „ин витро“ оплодување и можноста родителите да го изберат најостварливиот и генетски супериорен ембрион, кој исто така може да биде генетски модифициран за да се приспособат карактеристиките, вклучително и физичката сила и елиминацијата на наследни болести.

Објектот има 75 лаборатории, секоја со до 400 комори за раст. Тие се дизајнирани да ги симулираат вистинските состојби во мајчината утроба и имаат сензори кои ги следат виталните функции на бебето, како што се отчукувањата на срцето, температурата на телото и заситеноста на крвта со кислород. Коморите имаат и камера контролирана од вештачка интелигенција, која континуирано го скенира фетусот за потенцијални генетски абнормалности и го следи целиот процес на развој на бебето.

Родителите добиваат апликација која им овозможува да го следат развојот на нивното бебе во живо внатре во капсулата, заедно со прикажување на виталните податоци на нивното бебе.

Претходна вестСо 23 бомби заканувачот бара укинување санкции: Македонците се соучесници во уништувањето на мојата земја
Следна вестСи прават ли муабет македонските министри меѓу себе?