Со 23 бомби заканувачот бара укинување санкции: Македонците се соучесници во уништувањето на мојата земја

И денеска се пристигнати нови дојави за поставени експлозивни направи во повеќе објекти на скопското подрачје. На електронска пошта на скопскиот аеродром во Петровец пристигнала порака за поставена бомба по што веднаш следеше преземање на мерки. Веднаш биле откажани сите летови а надлежните полициски екипи ја започнале прверката.

– Македонците се соучесници во уништувањето на мојата земја. Затоа на денешниот ден се удруживме со нашите истомисленици и политичка партија за да ги минираме следните локации во Скопје и тоа со 8 бомби на Меѓународниот аеродром Скопје, 5 бомби во Националната арена „Тоше Проески“, една бомба во зградата на ФФМ, една бомба во ТЦ „Ист Гејт“, две бомби во хотел „Мериот“ и една бомба во хотел Сенигалиа, пишува во писмото кое утринава е испратено на електронската адреса скопскиот аеродром, текст кој веќе и се споделува на социјалните мрежи.

Во дописот меѓу другото се вели дека бомбите се активираат и ќе експлодираат на „сеизмичен покрет“.

– Можеме ова да го правиме секој ден, го сакате ли ова? Бидејќи крајот не изгледа добро по вас и вашите деца, граѓани, луѓе. Или можете да решите конечно да ја направите вистинската одлука. Суспендирајте ги санкциите, е.ани гомна, се вели во заканувачката порака.

Дојави се добиени и во Фудбалската федерација на Македонија, спортската сала „Борис Трајковски“, Фудбалската федерација на Македонија, хотелот „Александар палас“…

Претходна вестАрсовска: Сум добивала закани од Мицкоски и тоа конкретно
Следна вестИлон Маск сака да прави „фарми за бебиња“