Си прават ли муабет македонските министри меѓу себе?

Владатa по сите логики треба да делува како координиран тим. Така е во сите нормални држави. Министрите делуваат единствено, усогласено, координирано… Како е во Македонија, како е со владата што ја раководи Димитар Ковачевски?

Деновиве за македонскиот премиер и министрите во неговиот кабинет тешко дека би можело да се каже дека делуваат усогласено и со единствени изјави околу исти теми. Па така, еден ден од еднот министер ќе се слушне една верзија за одреден случај, утредента следува поинаква изјава од друг министер.

На пример – околу американскиот тим за борба против корупцијата во македонското општетство. Едно објаснување даде министерот за надворешни работи Бујар Османи, друго вицепремиерот за доброто владеење Славица Грковска.

Османи неодамна рече дека самата Македонија побарала САД да ни помогне во борбата против корупцијата.

-Ако не ги почнеме преговорите со ЕУ, стравував дека ќе останеме дека мониторинг, затоа побарав од САД да ни помогнат во однос на корупцијата, изјави шефот на дипломатијата.

Меѓутоа, по ова Грковска даде поинакво објаснување.

-Одлука за повикување на тимот немало во владата. Османи веројатно зборува за активности во доменот на надворешната политика и е најповикан за тоа, рече Грковска.

Премиерот Ковачевски, пак, даде соломонско објаснување

– Прво, Владата немала никогаш донесено одлука ниту пак имало потреба за тоа да повикува истражители. Значи не постои таква одлука. Доколку се погледне Стратегијата на САД за борба против коруцпијата од 2021 таму многу јасно се наведени опасностите по економијата и по начинот на живот и начините како оваа држава се справува со корупцијата во својата држава, но и кај држави кои ги смета за свои стратешки партнери. Во рамки на тоа е и одговорот на министерот за надворешни работи Бујар Османи, објасни Ковачевски.

Се координираат ли овие дебело платени функционери на кои задачата им е да се координирани? Вакво е прашањето на јавноста.

Втро пример за недоволна координација – дали наскоро може да се очекува откривањето на лицата кои веќе подолго време испраќаат закани со бомби по електронска пошта во македонски институции. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски неодамна рече дека истагата ќе даде резултати.

-Наскоро ќе има резултати од истрагата за лажните најави за бомби. Ние сме сосема на крај со обезбедување на сите материјали и потврди за да имаме реализација и во овој дел, рече неодамна Спасовски.

Премиерот Ковачевски деновиве рече дека истрагата тешко дека ќе даде резултат.

– Дојавите се преку виртуелни приватни мрежи хостирани во странство и речиси апсолутно е невозможно да се детектира од каде доаѓа дојавата бидејќи станува збор за тој тип на мрежа, објасни премиерот.

Мала некоординираност е ова? Всушност, си прават ми министрите муабет меѓу себе? Па нели ги биваше за зборување? Времињата се сериозни, несериозност во Владата е опасна за Македонија. 

А треба ли да се спомене дека јавноста одамна гледа како во Владата повремено има две влади предводени од двете партии СДСМ и ДУИ? Зарем последниве месеци почнаа и внатре во таквите влади да немаат добра комуникација? 

Претходна вестИлон Маск сака да прави „фарми за бебиња“
Следна вестВо Дубровник пијаните возачи ќе добијат бесплатно такси за празниците