Во Дубровник пијаните возачи ќе добијат бесплатно такси за празниците

Во Дубровник пијаните возачи ќе можат да добијат бесплатно такси за празниците. Ваквата акција ја организира здружението за безбедност во сообраќајот „Сино такси“ и е наречена „Ако пиеш, не вози, само јави се“,при што возачите во градот кои не сакаат да седнат зад волан пијани ќе можат да користат такси без да платат.

– Кога зборуваме за млади возачи, морам да кажам дека комбинацијата на алкохол, младост, желба за докажување и адреналин доведува до најсериозни последици, изјави за ХРТ, Денис Павела од Здружението за безбедност во сообраќајот.

Веќе четврта година по иницијатива на Здружението за безбедност во сообраќајот се спроведува бесплатна акција во петок и сабота. Од 21 часот до полноќ таксистите бесплатно ќе превезуваат пијани возачи на повик.

Претходна вестСи прават ли муабет македонските министри меѓу себе?
Следна вестАнкета ИПИС: За ВМРО -ДПМНЕ би гласале 19,7 отсто , а за СДСМ 12,9 проценти од граѓаните