Анкета ИПИС: За ВМРО -ДПМНЕ би гласале 19,7 отсто , а за СДСМ 12,9 проценти од граѓаните

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски имаат најголема поддршка кај граѓаните, покажа анкетата на Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС). Кратко телефонско истражувањето е спроведено помеѓу 11 и 14 декември 2022 на 1.117 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија.

-Најголема поддршка во моментов кај граѓаните има партијата ВМРО-ДПМНЕ за која би гласале 19, 7 отсто, за СДСМ 12, 9, за ДУИ 6 , а дури 24, 9 проценти од граѓаните не би гласале за ниту една партија, се наведува во истражувањето.

Меѓу политичарите најголем рејтинг има претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со поддршка од 13 проценти, пред Али Ахмети со 6, 2 и премиерот Димитар Ковачевски со 5,2 %. Претседателот Пандаровски има 2,6 проценти , сличен рејтинг имаат и поранешните премиери, Никола Груевски 2 отсто, Зоран заев 1,7 проценнти, а Бранко Црвенковски 1,6 проценти. Без доверба кон ниту еден политичар се дури 47,2 проценти од испитаниците,

Граѓаните немаат доверба и во правосудството. Доаѓањето на американскиот тим за санкции и борба со корупцијата во Македонија за половина од испитаниците, 50,1 отсто, е сигнал до власта дека целосно потфрлила на овој план. 20,3 насто рекле дека тоа е поддршка за владините напори во справување со корупцијата. Речиси 60 проценти кажале дека Македонија се движи во погрешна насока, а 24 насто во правилна.

Претходна вестВо Дубровник пијаните возачи ќе добијат бесплатно такси за празниците
Следна вестНачалникот на полската полиција примил „подарок“ од шеф на украинска служба, пакет кој експлодирал