Имигрант од Северна Африка кој пред една година излегол од затвор со нож нападнал десетгодишно девојче во шведскиот град Гетеборг. Тој ја прободел девојката во вратот и стомакот додека извикувал „Алаху акбар“.
Случајни минувачи кои се нашле на улица го совладале напаѓачот кој бил уапсен, а девојката во критична состојба е префрлена во болница, пренесува „Франце нјуз 24“.
Медиумите јавуваат дека се работи за триесет и петгодишниот Милад Салари.