Пронајден кокаин во тетовско возило, едно лице приведено

При претрес на возило на улицата „188“ во Тетово, полициски службеници пронашле кокаин. Дрогата била запленета а четириесет и пет годишниот Џ.К. приведен.

–  На улицата „188“ во Тетово, во текот на вчерашниот ден околу 14 часот полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Х.К. од тетовска Мала Речица, затоа што при претрес во неговото возило со тетовски регистарски ознаки бил пронајден и одземен кокаин, се вели во соопштението од МВР.

Тој бил задржан во Полициската станица Тетово, а по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвена соодветена пријава.

 

Претходна вестИмигрант во Шведска избодел девојка
Следна вестПекарите отстапија: Од утре ќе печат леб по 33 денари, но и тужба против државата од 4,5 милион евра