Министерот за надворешни работи во улога на претседавач со ОБСЕ иницирал во Охрид да се одржат мировни преговори меѓу Азербејџан и Ерменија за надминивање на деценискиот конфликт. Според него, Охрид веќе се профилирал како поволно место за преговори за надминување на различни конфликти, мислејќи притоа на неодамнешните преговори меѓу Белград и Приштна со посредништво на САД и ЕУ.
Според информациите, поканети се тројцата министри за надворешни работи на Азербејџан, Ерменија и Грузија. Понудени им се три термини за средба и во моментов се чека одговор од таму кој датум би бил најповолен.
Министерот Османи еднаш веќе изјави дека после Косово – Србија дијалогот, постојат планови наскоро министри за надворешни работи од други конфликтни региони да ги продолжат разговорите токму во Охрид.
За идејата Османи добил веќе поддршка за време на посетата на САД. Тој вели дека Охрид ќе се претвори во Центар на ОБСЕ за медијација, дијалог, помирување и за решавање на меѓудржавни и регионални конфликти, но и на внатрешни конфликти во некои земји.