Во Владата одржан е состанок во врска со спроведените инспекциски контроли во текот на изминатиот викенд, како и предлозите за зголемување на надлежностите на инспекторатите.
На состанокот биле разгледани предложените измени на Законот за заштита на населението од заразни болести, со кои се предвидуваат нови поголеми овластувањa на инспекциските служби за справување со прекршителите на ковид-протоколите. Новите поголеми овластувања е предвидено да важат за сите инспекциски служби на национално и на локално ниво. Предлог-измените ќе бидат доставени на утрешната владина седница.