Искршил обложувачница во Чаир, се заканувал со оружје и одзел пари од вработениот, МВР го расчистува случајот

Обложувачница од Чаир пријавила дека синоќа вооружено лице се заканувало, искршило дел од инвентарот и одзело пари од вработениот.

– На 23.02.2024 во 21.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 20.45 часот во спортска обложувачница на подрачјето на Чаир, едно лице со закана со оружје и со употреба на физичка сила искршило дел од инвентарот и од вработениот одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, извести Министерството за внатрешни работи.

Претходна вестВремето денеска дождливо, но потопло
Следна вестСнег, грмотевици, но и поплави: Ретка појава им се заканува на земјите од регионот, какво време не очекува?