Снег, грмотевици, но и поплави: Ретка појава им се заканува на земјите од регионот, какво време не очекува?

Поголемиот дел од Европа и Балканот моментално се под влијание на силна циклонска активност, што резултираше со обилни врнежи од дожд и формирање на секундарен циклон во Џеновскиот залив. Овој систем влијае на областа на Алпите, Италија, Јадранот и неговата заднина.

Словенија ја зафати силно невреме, придружено со многу обилни врнежи од дожд, а на височини над 1.500 метри надморска височина паднаа дури 70 до 100 сантиметри снег. Оваа појава, која е придружена со грмежи, не е невообичаена за овие региони. Сепак, добрата вест е што речните корита се подготвени да примат големи количества атмосферски води поради претходниот сушен период.

Подрачјата долж јадранскиот брег, како и неговата заднина, во моментов се под влијание на многу обилни дождови, а се очекуваат обилни врнежи од дожд придружени со грмежи. До 300 литри дожд се предвидува на југозападот на Црна Гора. Ваквите количини на врнежи можат да предизвикаат опасност од поплави, порои и одрони.

Силно невреме придружено со силен ветер во текот на ноќта меѓу петокот и саботата погоди бројни делови на Босна и Херцеговина. Тешко беше погодена општината Кључ во Федерацијата Босна и Херцеговина, каде ветрот го отфрли покривот на едно училиште. Силниот ветер го зафати и Жепче во централна Босна и целата општина остана без струја, а болницата исто така без голем дел од покривот.

Денеска во Македонија времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни, особено во јужните делови каде што ќе имаат пороен карактер. Потоа до среда времето ќе биде променливо облачно и релативно топло со умерен ветер од јужен правец. Во среда кон крајот на денот и во четврток се очекуваат нови врнежи од дожд.

Претходна вестИскршил обложувачница во Чаир, се заканувал со оружје и одзел пари од вработениот, МВР го расчистува случајот
Следна вестУтре без струја делови од Карпош и Ѓорче Петров