Времето денеска дождливо, но потопло

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни, особено во јужните делови каде што ќе имаат пороен карактер. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени, информираат од УХМР.

Во Скопје променливо облачно и релативно топло со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне 15 степени.

Утринава температурите се следниве: 1 Попова Шапка, 3 Маврови Анови, 4 Крушево, 6 Охрид, Претор, 7 Берово, Прилеп, 8 Тетово, Битола, 9 Крива Паланка, Струмица, Кавадарци, Куманово, Виница, 10 Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија, Дебар, Штип, Гевгелија, 11 Велес, 12 Скопје-Петровец.

Претходна вестДИК предлага да може да се гласа и со пасош без „Северна“, одредбата би важела за граѓаните со истечени лични карти
Следна вестИскршил обложувачница во Чаир, се заканувал со оружје и одзел пари од вработениот, МВР го расчистува случајот