Историските локалитети и музеи во Охрид еднаш месечно со бесплатен влез

Со цел доближување на културното наследство до граѓаните, националната установа „Завод и Музеј – Охрид“, донесе одлука сите објекти под нејзина надлежност, во периодот надвор од туристичката сезона еднаш месечно да бидат слободни за посета. Тоа значи дека посетителите нема да плаќаат за влез.

Бесплатните посети се планираат секој прв ден од месецот. Тоа значи дека секој прв ден во конкретните месеци ќе биде бесплатен влезот во Самуиловата тврдина, Галеријата на икони, Куќата на Робевци, Куќата на Христо Узунов и Музејот на вода – Градиште.

-Се надеваме дека на овој начин сите кои досега не ги посетиле нашите локалитети и музеи, ќе може да го сторат тоа во посочениот ден од месеците – 01.10.2021 – петок, 02.11.2021 – вторник, 01.12.2021 – среда, нагласуваат од „Завод и Музеј Охрид“.

Претходна вестБраво за булеварот „Крсте Мисирков“, но зошто Градот ја игнорира депонијата кај Вардариште?
Следна вестВо Скопје вчера казнети 231 возач