Изгаснати седум пожари на отворено, активен е пожарот кај селото Цер

Осум пожари на отворено и неколку помали интервенции се регистрирани во последното деноноќие, а од вчерашните е активен се уште еден пожар во реон кај с. Цер, Кичевско. Тој пожар е активен со различен интензитет, повеќе денови.

Регионалниот ЦУК Охрид, известува континуирано од 17.06.2024 кога во 16:00 часот, на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК беше добиена информација за пожар на отворено, на место викано „Рамнин“, атар на с.Цер (Општина Кичево), каде што почнала да гори нискостеблеста деградирана шума, сува трева и смрека. За настаната состојба веднаш биле известени Општина Кичево, ТППЕ Кичево и Јавно претпријатие „Национални шуми“ подружница „Лопушник“ во Кичево, ДЗС и МВР.

-Во текот на вчерашниот ден (21.06.2024 година), Јавно претпријатие „Национални шуми“ подружница „Лопушник“ не учествувале во гасење на шумскиот пожар, освен што интервенирале 20-тина граѓани од месното население, а е интервенирано од воздух со хеликоптер на МВР, што во 7 до 8 наврати истурил вода на опожарениот простор, при што бил неутрализиран еден крак од пожарот. И покрај ваквите интервенции пожарот не е целосно изгаснат и е се уште активен и постои опасност пожарот да навлезе во букова шума, а во тој случај многу тешко би можел да се контролира, соопштува ЦУК.

Претходна вестСкопско лето: Концерт на Јана Каевска, Ивона Базгалоска и Ана Трсунова
Следна вестАлбанска фудбалска федерација: Длабоко жалиме за однесувањето на Даку, тој веќе изрази каење