На 23 јуни во Чифте Амам ќе биде отворена изложба по повод 110 години од раѓањето на Димче Коцо, еминентниот македонски ликовен автор кој остави белег во историјата на македонското сликарство. Изложбата ќе биде отворена до крајот на август.
Димче Коцо е наш најпознат историчар на уметноста, кому му успеваше да ја движи научната мисла во Македонија, во сите области поврзани со историјата на уметноста.
Роден е на 10 октомври 1910 година во Охрид. Извесно време го посетувал Уметничкото резбарско школо во Охрид. Матурирал 1930 година во Битола. Учел во Уметничкото занаетчиско училиште во Белград и студирал Историја на уметност на Филозофскиот факултет во Белград, на кој дипломирал во 1936 година. Бил учесник во НОБ и комесар на Охридската бригада. По завршувањето на војната се вратил во Скопје каде веќе од декември 1944 година работи на формирање на првиот македонски Народен музеј во Скопје, основан 1945 година и бил негов прв директор.