Изложба по повод 150-годишнината од раѓањето на последниот зограф од семејството Рензовци

На 3 ноември Национална галерија ќе ја одбележи 150 годишнината од раѓањето на Ѓорѓи Зографски. Ќе бидат поставени педесеттина негови дела, создадени во различни фази од неговиот уметнички развој и опус, во Чифте амам. Отворањето е во 19 часот.

Изложените творби се дел од колекциите на Националната галерија, Народен музеј – Велес, црквите Св. Пантелејмон, Св.Спас, Св. Димитрија и Успение Богородичино – Велес, семејството Зографски како и голем дел приватни сопственици.

Ѓорѓи Зографски е последниот зограф од семејството Рензовци, кој заедно со Димитар Андонов Папрадишки за прв пат кон крајот на 19. век го направи историскиот пресврт, поврзувајќи ги двете епохи во македонското сликарство: последните нишки во религиозното сликарство со првите обиди за сликање профани теми. Тоа е период обележан со напуштање на поствизантискиот иконопис и живопис во интерес на скромната појава на модернизмот во македонското сликарство.

Изложбата ќе трае до 26 ноември.

Претходна вестСончево со утринска магла по котлините
Следна вестНоќва почнува зимското сметање на времето