Изложба „Убавиот бунтовен Вардар“

По повод одбележување на 60 години од поплавата во Скопје предизвикана од излевањето на река Вардар, денеска во Музејот на старата скопска чаршија – Сули ан беше отворена изложбата „Убавиот бунтовен Вардар“ на кустосот, советник и историчар Заја Богдановска.

На изложбата беа присутни и граѓаните кои ја преживеја поплавата која се случи во 1962 година, осум месеци пред големиот земјотрес во 1963 година. Посетителите имаа можност да видат повеќе дела на слики од Скопје во 1960 година, но и Скопје денес.

-Тука сме да се потсетиме на немилиот настан, од кој секогаш имаме да научиме нешто ново и да ни биде инспирација за следните изложби, истакна кустосот Богдановска.

Како што посочи, целта на изложбата е да покаже дека овој град ги заслужува сите убави и симболични епитети кои ги има.

-Навистина ова е град феникс, кој што често пати трпел разни катастрофи од поплави и земјотреси, и сите тие се врзуваат засекогаш во меморијата на сите скопјани, додаде Богдановска.

Изложбата е во организација на ЈУ Музеј на Град Скопје.

Претходна вестОдбојкарите ги добија противниците за ЕП 2023
Следна вестНародна банка ја зголеми каматната стапка на 4, 25 проценти