Измамил скопјанка претставувајќи се дека е вработен во странска амбасада

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.Ж.(42) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

-Во периодот од април до јули 2022 година, пријавениот со прикажување на лажни факти дека е вработен во амбасада на странска земја во Северна Македонија, довел во заблуда 37-годишна жена дека може да ѝ посредува при добивање пасош од таа држава, при што се стекнал со противправна имотна корист од 29.200 денари, соопшти МВР.

Претходна вестКривична пријава за скопјанец кој силувал 69-годишна жена
Следна вестПромоција на книгата „Збунети компаси“ од Зоран Анчевски