Измамници од Британија „олесниле“ пробиштипска фирма за 425.000 евра

СВР Штип поднесе кривична пријава против Ј.Т.С.(21) и A.A.A.(44) од Велика Британија, како и против британска фирма, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „компјутерска измама”.

– Првопријавениот, одговорно лице во правното лице, и второпријавениот извршиле промена на компјутерски податоци, со што предизвикале невистинит резултат при пренос на податоци. Преку електронска порака, до оштетеното правно лице од Пробиштип, испратиле лажни банкарски инструкции за меѓународно плаќање, врз основа на кои оштетеното правно лице извршило плаќање во износ од 425.653 евра кон банкарската сметка на второпријавениот, наместо на вистинскиот добавувач, велат од полицијата.

Претходна вестЗапалено напуштено возило кај Народна банка
Следна вестМалолетник фатен со гасен пиштол