45 лица возеле пребрзо, а 10 лица возеле без возачка дозвола, информираат од СВР Скопје. Од таму апелираат да се почитуваат сообраќајните правила.
– Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашните сообраќајни контроли изрече вкупно 152 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 45 санкции, 10 за возење без возачка дозвола и пет санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, информираат од МВР.
Според МВР, изречени се и пет мерки за користење мобилен телефон при возење, две санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), три мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), две санкции за возачи почетници…
Од МВР велат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат да се почитуваат сообраќајните правила.