Извршени претреси во прилепскиот затвор, одземени ножеви, мобилни телефони, парични средства…

Денеска полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Одделот за криминалистичка полиција, Одделот за специјални полициски операции – Единица за брзо распоредување, во координација со Управата за извршување на санкции, спроведоа координирана полициска акција во Казнено-поправниот дом Прилеп.

Притоа, извршени се претреси во Казнено-поправниот дом Прилеп, со цел пронаоѓање недозволиви или забранети предмети кај лица осуденици кои се на издржување казна затвор, во насока на превентивно делување и спречување на вршење на кривични дела во казнено-поправните установи.

-При претресите се пронајдени и одземени: ножеви, мобилни телефони и полначи за мобилен телефон, парични средства во износ поголем од законски дозволениот кои осудените лица можат да ги поседуваат и др. Одземените предмети ќе бидат предадени на затворска служба за понатамошна постапка, се наведува во соопштението.

Претходна вестТешко повредена скопјанка откако паднала кај „Заливот на коските“ во Охрид
Следна вестВратена е оградата околу Владата