Ја натепал поранешната малолетна девојка среде плоштад

Насилство од партнери со кои биле во љубовни врски пријавиле две девојки вчера во Гостивар, од кои едната е малолетна. Малолетничката, била нападната на градскиот плоштад во овој град.

– Малолетничка од Гостивар, вчеравечер (10 јули), во 22.30 часот, во СВР Тетово пријавила дека околу 21.30 часот на градскиот плоштад во Гостивар, Џ. Н., со кого претходно била во љубовна врска, физички ја нападнал, велат од МВР.

Во вториот случај, триесет и едногодишна жителка на гостиварско село, вчера, во 13 часот, во СВР Тетово пријавила дека Е. М.(48) од друго гостиварско село, со кого била во љубовна врска, на 3 јули на локален пат кон селото физички ја нападнал.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување и документирање на случаите.

Претходна вестТокарев: Очаен блеф на Владата е дека РМ ќе плаќа отштета од милијарда долари, ако не се отвори „рудникот на смртта“ во Иловица!
Следна вестГермански бизнисмен распарчен пронајден во замрзнувач