Германски бизнисмен распарчен пронајден во замрзнувач

Германскиот бизнисмен Ханс-Петер Мак (62), кој исчезна на Тајланд, е пронајден мртов во замрзнувач во куќа, наводно измачуван и распарчен. Полицијата на Тајланд трага по сторителите, а тој наводно пред смртта се сретнал со непозната жена.

Мак, кој живеел на Тајланд и работел како брокер, сакал да направи профитабилен договор на 4 јули – да купи вила на Кох Самуи и боксерска сала. Според тајландските медиуми, цената за двата имота е околу 18,2 милиони евра, пишува германски „Билд“. Пред смртта бизнисменот се сретнал со жена, која наводно во меѓувреме била уапсена. Безбедносните камери во локалот ги снимиле неговото пристигнување, средбата со непознатата жена и моментот кога заминува со сив „мерцедес“. Средбата траела околу половина час и никој не го видел Мак по тоа.

За време на средбата со непознатата жена, Мак ѝ испратил две пораки на својата девојка Пираја Бунмак (24), но таа не можела повторно да го добие. Според полицијата, последниот сигнал од мобилниот телефон на Мак бил забележан во провинцијата Са Каео, на околу 230 километри од Патаја. Неговиот „мерцедес“ бил пронајден четири дена подоцна, внимателно исчистен. По неговото исчезнување, од сметката на Мак во странство биле одземени 52.000 евра.

Полицијата во понеделникот вечерта претресла куќа во близина на Патаја и пронашла машко тело во замрзнувач за кое подоцна официјални лица потврдиле дека е исчезнатиот бизнисмен од Германија. Куќата во која е пронајдено телото на бизнисменот наводно е на негов пријател. Според извештаите, распишана е потерница по германски државјанин.

Претходна вестЈа натепал поранешната малолетна девојка среде плоштад
Следна вестСообраќајка во струшко, повредени 4 лица