Се раздени сред ноќ: Метеорит падна во Бугарија

Силна светлина проследена со силен татнеж била забележана синоќа околу 21:50 часот на поширока територија на северозападна Бугарија. Се претпоставува дека звукот бил предизвикан од паднат метеорит, пишуваат бугарските медиуми.

Жители од градовите Видин, Монтана, Берковица и Белоградчик пријавиле дека виделе светлина и силната бучава, а некои од нив успеал да направат снимки.

– Го видовме од атарот на селото Извор, Видинско. Околу 21 часот и 50 минути стана како ден, видовме долга трага од оган и кој се распадна на помали делови. Гласниот звук се слушна по една минута – вели еден очевидец.

Други очевидци коментираат дека и во Софија станало светло како ден за неколку секунди.

Нешто по 23 часот бугарското МВР ја потврди информацијата.

 

Претходна вестВучиќ за санкциите на САД против Вулин: Кокаин е пронајден во Белата куќа, а не кај Вулин
Следна вестОбвинетиот за тепањето на Пендиков се разболе и не се појави на судењето, новото рочиште во септември