Сообраќајка во струшко, повредени 4 лица

Четири лица се повредени во сообраќајна несреќа на патот село Јабланица-село Лабуништа. Од повредените двајца се со потешки повреди.

– На 10.07.2023 во 22.10 часот било пријавено дека на регионалниот пат с.Јабланица-с.Лабуништа се случила сообрaќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“, управувано од А.Н.(18) и патничко возило „фолксваген голф“, управувано од Е.С.(35), двајцата од с.Лабуништа и двете возила со струшки регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Е.С. и сопатникот од возилото „голф“ Џ.К.(37), а со телесни повреди се здобиле сопатниците од возилото „бмв“, С.Н.(18) и А.Л.(18), сите од с.Лабуништа, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Струга

Претходна вестГермански бизнисмен распарчен пронајден во замрзнувач
Следна вестГрафити со заканувачки, етнички мотивирани содржини испишани на згради во Гостивар