Графити со заканувачки, етнички мотивирани содржини испишани на згради во Гостивар

Во Полициска станица Гостивар денеска во 10.30 часот е пријавено дека на четири станбени згради и трафостаница на улиците „Гоце Делчев“ и „Мара Угринова“ во Гостивар, со син спреј, биле испишани неколку графити со заканувачки, етнички мотивирани содржини, информираат од СВР Тетово.

Испишаните графити се фотодокументирани и се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

Претходна вестСообраќајка во струшко, повредени 4 лица
Следна вестЕХФ потврди: РК Вардар ќе игра квалификации, а РК Алкалоид директно во групите од ЕХФ Лига Европа