Ја удрил со автомобил, ја однел во болница па си заминал

Сеуште непознат сторител со автомобил удрил во жена, ја однел во болница и си заминал. На седумдесет и девет годишната М.С. и се констатирани тешки телесни повреди.

– Во СВР Скопје вчера било пријавено дека на крстосница од бул.„Партизански Одреди“ со бул.„8-ми Септември“, патничко моторно возило удрило во пешак од Скопје. По несреќата, возачот ја пренел М.С. во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде и биле констатирани тешки телесни повреди, па си заминал, известуваат од МВР.

Увид на местото на несреќата е извршен од СВР Скопје, оттаму велат дека работат на расчистување на случајот.

Претходна вестИзбрани 19 романи во првата селекција за наградата „Роман на годината“
Следна вестЕБОР ја намали проекцијата за растот на македонскиот БДП на 2 отсто