Утре јавниот превоз во градот ќе функционира по неделен возен ред, а жичарницата нема да работи, информираат во јавното сообраќајно претпријатие – Скопје.
-Дежурни од 7 до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и онаа во Ѓорче Петров, се наведува во соопштението.
Пре една недела Владата заклучи 24 април и 8 мај да бидат неработни денови за сите граѓани на Република Северна Македонија, заради непречено спроведување на изборите за претседател на државата и изборите за пратеници во Собранието и овие два неработни дена нема да се одработуваат.