Јокиќ со нов трипл-дабл го сруши Голден стејт

Кошаркарите на Денвер Нагетс го победија Голден стејт Вориорс со 119:103, а Никола Јокиќ го забележа 18. трипл-дабл во сезоната, 124. во кариерата. Ова беше седми триумф во низа на Денвер во дуелите со Ворирос. Јокиќ продолжи да игра во неверојатна форма по Ол-стар викендот, го запиша третиот трипл-дабл по ред.

Двократниот МВП на лигата натпреварот го заврши со 32 поени, 16 скока и 16 асистенции.

Јокиќ стана првиот кошаркар во историјата со најмалку 14 скока и 14 асистенции во три последователни натпревари. Исто така, Јокиќ е првиот кошаркар во историјата со 32/16/16 статистика и четири украдени топки.

Вориорс дадоа одличен отпор, гледавме вистинска кошарка во плејофот, но Нагетс сепак беа порасположени и заслужено ја забележаа 39. победа сезонава. Вориорс го претрпеа 27. пораз.

Во победничкиот тим, покрај Јокиќ, маестрален беше Џамал Мареј со 27 поени, Арон Гордон постигна 17, а Кентавијус Колдвел-Поуп 13 поени.

Кај Голден Стејт најефикасен беше Клеј Томпсон со 23 поени, сите ги постигна во првата четвртина, Стеф Кари постигна 20 поени (16 во второто полувреме), а Џонатан Куминга 19 поени.

Претходна вестОскаровска гала вечер со црвен тепих во НОБ
Следна вестСкопјанец ја прелетал пола Европа со стариот пасош, искуството го сподели јавно