Оскаровска гала вечер со црвен тепих во НОБ

Во пресрет на 96. доделување на филмските награди „Оскар“, во Националната опера и балет задутре (28 февруари) во 20 часот ќе се одржи првата Оскаровска гала вечер. Најубавите филмски песни наградени со „Оскар“ ќе бидат изведени од врвни поп и оперски пејачи во придружба на оркестарот на Национална опера и балет и Националниот џез оркестар.

Диригент е Бисера Чадловска, а настанот е во режија на Дејан Прошев. Водителка ќе биде Миланка Рашиќ. Настанот ќе започне со црвен тепих во 19.30 часот.

Претходна вестВо Скопје 164 санкционирани возачи, 66 за брзо возење
Следна вестЈокиќ со нов трипл-дабл го сруши Голден стејт