ЈП „Водовод и канализација“: Водата за пиење во Скопје e безбедна

Водата во Скопје е безбедна и микробиолошки исправна, соопшти денеска Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. За анализа биле земени 189 примероци за физичко-хемиска и 189 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење

Според неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, направени од шести до десетти ноември 2023 година, сите анализирани примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

За анализа биле земени 189 примероци за физичко-хемиска и 189 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 44 мерни места во Град Скопје.

 
Претходна вестВо Кенија е планирано да се засадат 15 милјарди дрвја за десет години
Следна вестИнцидент во Вашингтон, пукаше oбезбедувањето на внуката на Бајден, напаѓачи се обиделе да упаднат во возилото