Јубилеен концерт на „Скопски солисти“ во понеделник во Македонска филхармонија

На 9 ноември камерниот оркестар „Скопски солисти“ ве кани на јубилеен концерт во Македонската филхармонија, со почеток во 20 часот. Меѓу солистите кои ќе настапуваат се Весна Гиновска Илкова и Благој Нацовски. Оркестарот го предводи познатиот македонски обоист Васил Атанасов.

-Почитувани гости, ве покануваме на нашиот концерт, заедно да го прославиме јубилејот 20 години концертна активност, со нашите врвни уметници, да уживаме во музиката со задоволство и најдобри желби, се вели во поканата на оркестарот.

На репертоарот ќе бидат дела од Вивалди, Перголези, Хендел, Моцарт, Хумел, Елгар, Чајковски, Пучини, Агостини, Тошевски.

Заради ковид-мерките неопходни се резервации однапред на телефонскиот број 02/3238-182.

Претходна вестЗошто пак ја раскопавте „Васил Ѓоргов“?
Следна вестСонцето и умерениот ветер ги бркаат облаците