Пребрзото возење и натаму е најчест прекршок што го прават скопските возачи. Тоа го покажа и вчерашната контрола во текот на која на територијата на град Скопје изречени се вкупно 339 санкции.
-За возење без возачка дозвола казнети се 22 лица, а за пречекорување на дозволената брзина на движење казнети се 108 возачи. За технички неисправни и нерегистрирани возила казнети се 16 возачи. Исто така, казнети се и седум мотоциклисти, изречени се 73 мерки за непрописно паркирање и 84 казни за неносење на заштитна маска, се наведува во информацијата на МВР.
Брзото возење низ Скопје добива загрижувачки размери, а не е јасно каде толку брзаат возачите. Или пак трките им се во крвта, особено затоа што полицијата долго не ги гонеше како што треба?
Добро е што сега МВР укажува дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
–Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, велат од МВР.