Каде да ги пријавиме шетачките кози среде Скопје?

Доцна синоќа на социјалните мрежи се појавија фотографии од две кози кои мирно и слободно се шетаат на паркингот кај трговскиот центар „Лептокарија“ во Карпош 3.

Освен што фотографиите беа речиси идентично коментирани како земјотресот рано изутрината, никој не објасни дали некој пријавил некаде дека ги видел, од чиј двор се избегани, дали се подоцна вратени?

– На Запад вакви фотографии може само да видите во селата, кои личат како нашите најифраструктурно средени градови, но ни одалеку не се како нашите села. Низ град да шета крава или коза, не се случило, а доколку се случи, секој граѓанин знае каде да се јави и да пријави за да се згрижи животното. Каде да се јавиме ние да пријавиме дека сме виделе животно вакво или сопственикот да се обрати оти му избегале или пак украле?! Нема каде, пишува на електронската пошта на „Скопско ехо“, Миле Р. кој живее и работи во Словенија.

И навистина е така, ниеден од нас не знае каде треба да се јави за да пријави дека ги видел, во случајов козите, и за тоа да влезе во некаков систем за да може ако некој пријави дека му избегале- проблемот брзо да се реши. Кај нас работите се решаваат преку Фејсбук, како на пример ова од синоќа, па ако стигнат фотографиите до сопственикот да може да си ги најде козите.

Претходна вестУтрово земјотрес го затресе Скопје, епицентарот бил во тетовско
Следна вестОблачно и магливо со температура до 18 степени